Збогум за најдобриот: Валентино Роси стави крај на богатата кариера!

Роси

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси и официјално замина во пензија, по денешната трка во Валенсија, која за него беше последна во богатата кариера.

Седумкратниот Мото ГП шампион одлучи да го напушти спортот кој му донесе светска слава на 42-годишна возраст. На денешната трка го освои десеттото место, што е показател дека веќе не може да се носи со најдобрите во шампионатот.

Победата на крај ја однесе Франческо Бањаја, пред Хорхе Мартин и Џек Милер. Меѓутоа славјето на Дукати падна во втор план, поради тоа што фокусот на крајот од трката беше кон популарниот „доктор“ од Италија.

4Сите возачи на крајот застанаа и го опкружија, го прегрнаа и му посакаа убава пензија. На трибините имаше илјадници луѓе кои го поздравија, а присутни беа многу познати личности, кои не сакаа да го пропуштат овој легендарен момент.

Роси заминува во пензија со девет светски титули, 115 победи во „кралската“ класа, 235 подиуми и години поминати во Априлија, Јамаха, Хонда и Дукати.