• Иван Димовски
Шарл Леклер доживеа вистинска катастрофа на стартот на трката за Големата награда на Монца, бидејќи излета од патеката и заврши во бариерите.
На самиот почеток имаше битка со Луис Хамилтон во која Британецот остана без неколку позиции откако беше истуркан. Веќе во следниот круг Леклер загуби контрола врз болидот и заврши во ѕидот целосно кршејќи го болидот на Ферари.
Ова не е првпат Леклер да излета на домашната трка на „црвените“ во Монца, бидејќи истата судбина му се случи и во 2020 година.