Кој ќе победи во пустината – Хамилтон од првото место ќе се брани од Верстапен

Ф1

Денешниот ден носи нова епизода од ривалството меѓу Мерцедес и Ред Бул, кои оваа сезона се борат за двете титули во Формула 1 шампионатот.

Луис Хамилтон беше најбрз на вчерашните квалификации на патеката „Лосаил“ во Катар. Британецот по сесијата беше зачуден за високата разлика во однос на Макс Верстапен, кој верува дека ќе има шанса за победа од второто место. Валтери Ботас ќе внимава на грбот на својот клупски колега од третата позиција. Разочарувачки ден во квалификациите имаше вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Тоа е удар за екипата, која заостанува во трката за трофејот меѓу конструкторите.

Патеката е нова за сите возачи, бидејќи ова е првпат Ф1 да организира настан на „Лосаил“. Дали тоа ќе донесе неочекувани возбудувања, останува да видиме на денешната трка под светлата во пустината.

Трката е закажана за 15:00 часот и се очекува да донесе нов судир меѓу лутите ривали за шампионската титула.