Кој би рекол - Виетнам ќе добие Формула 1 трка од 2020 година

Корпорацијата која ја поседува лиценцата за Формула 1, „Либерти медија“, објави дека се наоѓа пред договор во 2020 година трка од Светскиот шампионат да се вози во Виетнам. На локација 12 километри од Ханој, главниот град на Виетнам, предвидено е да биде финализирана патеката на која Фетел, Раиконен, Хамилтон ќе се борат за бодови.

Пред големата награда на Јапонија бил постигнат начелен договор, кој наскоро ќе биде потпишан. Трката во Ханој ќе се вози поделена на стариот и на новиот пат. 

Се очекува да биде потпишан долгорочен договор, а финансиската корист од истиот да биде огромна.