Формула 1 тимовите ќе ги претстават новите болиди

Швајцарскиот формула 1 тим, Заубер ја закажа официјалната презентација на новиот болид. Таа ќе се одржи на првиот ден од претсезонските тестирања на патеката во шпанската Барселона на 18 февруари.

Новиот автомобил ќе биде промовиран пред утринската сесија, а истиот ден на истото место своја промоција треба да имаат екипите на Хас и на Торо Росо.

Ферари закажа промоција на својот нов болид на 15 февруари, Рено на 12-то, Рапид Поинт на 13-ти и Мекларен на 14-ти февруари.