• Горан Упале
По одличниот старт на новата сезона во ВМУ Европскиот шампионат, каде што ја брани титулата во најсилната категорија, пред македонскиот мотоциклист, Синиша Кочоски, е поголем предизвик – настап на првиот викенд во Алпе Адриа и ФИМ Европскиот шампионат.
Двократниот наш и регионален шампион по вторпат во својата кариера ќе се натпреварува на двата силни шампионати, откако лани испиша историја и стана првиот Македонец со трофеј во ФИМ Европскиот шампионат.
Минатиот шампионат членот на „Сајлент Хантерс“ на патеката „Словакиа Ринг“ ја потврди класата на двете трки го освои третото место во ФИМ Европскиот шампионат и со тоа стана првиот македонски мотоциклист со ваков успех во историјата.
Такви се амбициите и овој пат. Првиот викенд од новата сезона во Алпе Адрија и ФИМ Европскиот шампионат ќе се одржи во Гробник, Хрватска, каде Кочоски со својот нов мотоцикл „БМВ“ ќе проба да го повтори ланскиот успех.
Инаку, на стартот од БМУ Европскиот шампионат оваа сезона, во Серес, Грција, Кочоски забележа победа на првата трка и второ место на втората трка.