• Горан Упале

Македонскиот мотоциклист Синиша Кочоски имаше одличен настап на стартот од новата сезона во БМУ Европскиот шампионат. Членот на „Сајлент Хантерс“ кој минатата сезона освои двојна круна, на првите две трки во Серес забележа две втори места и така покажа дека и оваа сезона ќе води битки со најдобрите во овој шампионат.
„Иако немав многу време за подготовки, задоволен сум од настапот на првите две трки. Имав послаби стартни позиции, но на самите трки успеав да ја анулирам таа негатива и стигнав до два подиуми. Ова е само почеток на сезоната, свесен сум дека конкуренцијата сега ќе биде поголема од лани, но спремен сум за вакви предизвици и верувам во уште многу подиуми оваа сезона“, вели Кочоски.
Инаку, Кочоски е актуелен шампион во БМУ Европскиот шампионат во категоријата Ф1000, како и македонски шампион. Оваа сезона се натпреварува едно скалило погоре – СТК 1000. Кочоски пред една седмица потпиша договор за спонзорство со компанијата MОZZART која уште еднаш покажа дека е вистински поддржувач на македонските спортски шампиони.
Свое деби во оваа категорија имаше и Христијан Бузалковски, кој минатата сезона беше шампион во Ф600. Бузалковски на првите трки во Грција еднаш беше четврти и еднаш петти.