• Мартин Танасковски
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Австрија, по драматичните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг.
Британецот до најдоброто стартно место стигна со време од 1:06.113 минути, но неговиот круг предизвика многу полемики, бидејќи беше поставен во момент кога на патеката беа истакнати жолти знамиња. Причина за тоа беше излетувањето на актуелниот светски шампион Макс Верстапен во самиот финиш од квалификациите.
И покрај инцидентот и сигнализацијата, дирекцијата на трката одлучи да го признае времето на Расел, кое беше за 0,236 секунди подобро од она на Чарлс Леклер. Возачот на Ферари ќе стартува од втората позиција, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон ги заврши квалификациите на третото место.
Лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, немаше среќа да го комплетира својот последен брз круг поради прекинот и ќе мора да се задоволи со четвртата стартна позиција. Трката за Големата награда на Австрија е закажана за недела со почеток во 15:00 часот.