Клеар: Михаел Шумахер беше потполно во право за Фетел

Поранешниот инженер Џок Клеар, кој во Мерцедес беше задолжен за болидот на Михаел Шумахер излезе со изјава дека конечно сватил што сакал да каже седумкратниот шампион за Себастијан Фетел. Во моментот Клеар работи заедно со Германецот во тимот од Маранело.

„Шумахер беше воодушевен од Фетел. Сега знам дека е потполно во право. Моментално работам со Фетел и можам да ви потврдам дека Михаел за се беше во право. Тој толку многу посветува внимание на ситни детали и поради тоа од болидот скоро секогаш го вади максимумот. Неговиот придонес за тимот е многу голем поради различниот начин на работа, кој го има од другите возачи“, изјави Клеар.

На првата трка оваа сезона Себастијан Фетел го освои третото место веднаш зад двоецот на Мерцедес.