• Иван Димовски
Кими Антонели освои трета пол-позиција по ред, откако беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на САД. Трката на улиците на Мајами можеби е загрозена поради лошо време, ама ако се одржи младиот Италијанец ќе тргне од првото место.
Возачот на Мерцедес беше најбрз во квалификациите, иако не го возеше вториот обид кога дел од возачите си го подобрија времето. Антонели забележа време од 1:27,798, а единствен возач со време под 1 минута и 28 секунди беше Макс Верстапен кој „доцнеше“ 0,166 секунди.
Од третото место во Мајами ќе тргне Шарл Леклер, додека по него следува шампионот Ландо Норис, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри, Франко Колапинто, Исак Хаџар и Пјер Гасли.
Трката во Мајами е под закана поради можност за грмотевици, ама постојат најави дека истата ќе започне порано од планираното.