• Иван Димовски
Кими Антонели ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Белгија.
Младиот италијански возач на Мерцедес се врати на посакуваната патека и беше најбрз во квалификациите за оваа трка. Антонели во фото-финиш му ја одзеде првата позиција на второпласираниот Макс Верстапен. Холанѓанецот извозе перфектен круг и постави убедливо време, меѓутоа неколку секунди потоа Антонели го одзеде најдоброто време со 0,317 секунди побрз круг.
На третата позиција се пласира Ландо Норис, ама Британецот од Мекларен има десет позиции казна. Во топ десет се уште Џорџ Расел, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри, Арвид Линблад, Габриел Бортолето и Исак Хаџар.
Трката на „Спа-Франкошамп“ е в недела во терминот од 15:00 часот.