Кејси Стонер тест возач на новиот Дукати

Бившиот светски шампион во Мото ГП, Кејси Стонер, започнува со тест возења на новиот Дукати од 30. јануари, 2016 година.

Иако Стонер е во пензија од крајот на 2012 година, тој беше ангажиран како тест возач во Хонда, а сега се враќа во Дукати, со кого стана светски шампион во 2007 година.

30-годишниот Австралијанец, се понуди да биде и замена за Дани Педроса, во моментите кога тој беше на операција на лактот, но оваа негова понуда беше одбиена.