Казнетиот Хамилтон најбрз во Турција, Ботас ќе тргне од првата позиција

Луис

Луис Хамилтон постигна најбрзо време на квалификациите во Истанбул, но ќе стартува од единаесеттата позиција, поради казната во пресрет на неделната трка.

Британецот промени дел од својот мотор, што го прави по четврти пат оваа сезона. Тоа значи дека на првата позиција ќе стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас.

Од првиот ред ќе тргне Макс Верстапен, а зад нив ќе застанат Чарлс Леклер и Пјер Гасли.

Трката за Големата награда на Турција се вози утре и се очекува да донесе нова неизвесна битка меѓу Мерцедес и Ред Бул.