Катастрофална грешка на Мерцедес, Перез во Бахреин стигна до деби победа

Една од највозбудливите во Формула 1 сезоната се возеше во Бахреин, каде победата ја однесе Серхио Перез.

Мексиканецот беше најдобар меѓу конкурентите и првпат во кариерата застана на највисокото место на пиедесталот. Зад него се пласира Естебан Окон, кој исто така дебитира меѓу најдобрите, а третото место му припадна на Ленс Строл.

Мерцедес водеше во текот на цела трка, но поради лапсус на механичарите немаше можност да се бори за врвот. Валтери Ботас успеа да се пласира само на осмото место, што е разочарување за него, бидејќи очекуваше победа во отсуство на Луис Хамилтон.

Наредната недела во Абу Даби ќе се затвори завесата на оваа сезона.