Катар го продолжи договорот со МотоГП до 2031 година

Катар најмалку до 2031 година си обезбеди договор за трки од Светскиот шампионат во МотоГП, објави вечерва организаторот на големиот мото-циркус. 

В недела на патеката „Лусаил“ во Катар ќе стартува новата сезона, а според новиот договор уште 12 години сезоната ќе почнува во Катар.

Постиечкиот договор беше со важност до 2026 година, а сега официјално ќе заврши во 2031 година.

Билетите за оваа трка скоро секогаш се распродадени, условите се одлични и мото-звездите со задоволство тестираат во Доха.