Катар добива прва Ф1-трка, следната година нема да се вози поради СП

Раководството на Формула 1 соопшти дека во новата сезона Катар ќе добие своја трка во најбрзиот автомото спорт.

Првата трка во Формула 1 во Катар ќе се вози на 21 ноември, а локацијата ќе биде патеката „Лусаил“ која е отворена во 2004 година.

Првиот настан во овој спорт нема да се вози следната година поради СП 2022, но потоа ќе се одржува во регуларен тек.

Формула 1 и Катар потпишаа договор за соработка во следните десет години.