Карлос Саинц по здравствениот проблем се враќа за трката во Австралија

Возачот на Ферари, Карлос Саинц се враќа во болидот за претстојната трка за Големата награда на Австралија. 

Шпанецот имаше операција на слепото црево поради која по два тренинзи во Џеда мораше да замине во болница. Неговото место го зазема младиот Оливер Берман кој забележа одличен резултат на своето деби, но Саинц е подготвен за кам-бек во Формула 1. 

Доколку нема изненадувања и промени, Саинц ќе го започне тркачкиот викенд во Австралија в петок.

Инаку, трката на патеката во Мелбурн е закажана за в недела во терминот од 05:00 часот наутро.