Карлос Саинц има несекојдневно „хоби“ - стана експерт за чизбургери!

Возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, покрај страста кон автомобилите и Формула 1, има уште една голема љубов - чизбургерите. Шпанецот дури води и посебна табела во која ги оценува бургерите што ги пробал на различни места низ светот.

Саинц, кој моментално е на 18. место во генералниот пласман во Формула 1, внимателно го следи квалитетот на секој бургер што ќе го проба. За таа цел користи табела во Excel, во која ги бележи своите впечатоци и ги рангира омилените вкусови.

Меѓу местата што ги издвојува се Остин, Њујорк и неговата родна Шпанија, но шпанскиот возач има пофални зборови и за понудата во Велика Британија.

Иако поголем дел од годината му е исполнет со трки, тренинзи и патувања, ова необично хоби му овозможува да се опушти надвор од патеката. А кај Саинц, очигледно, ниту еден чизбургер не поминува без детална анализа и оценка.