• Иван Димовски
Иако Ферари низ годините не сакаше да открие дали Шарл Леклер или Карлос Саинц е прв возач во тимот, сепак се покажа дека возачот од Монако има предност. Леклер ќе го сочинува возачкото дуо со Луис Хамилтон од сезоната 2025, а Шпанецот ќе мора да си бара нова средина.
Според последните информации од Формула 1 светот, една од опциите за Саинц е преод во редовите на светскиот првак Ред Бул. Шпанскиот возач е меѓу неколкуте кои конкурираат за второто столче во Ред Бул, а тоа не го негираше ниту Марко Хелмут.
„Албон не е проблем за нас, има договор до 2025 година. Саинц веројатно повеќе и побргу сака да го реши прашањето за следната сезона. Што се однесува до Перез, јасно е дека не може да вози на нивото на Верстапен, но треба да е конзистентен. Ако биде втор во шампионатот и победи некоја трка, секако дека ќе биде опција за 2025“, прокоментира Хелмут.
Едно е сигурно, следната сезона ќе има доста промени и тоа може да донесе позитивни работи во спортот.