Календарот на Формула 1 за 2023 вклучува шест спринт трки

Ф1 календар

Потврдени се дополнителните спринт трки кои ќе бидат дел од календарот на Формула 1 шампоионатот за 2023 година. Засега нема информација каде ќе бидат одржани саботните настани, кои ќе се појават двојно повеќе во новата сезона.

Форматот, со квалификациите во петок и скратената трка во сабота за одредување на стартниот ред за главната трка во недела, се покажа како успешен, според челниците на Ф1.

Наредната сезона ќе се возат вкупно 24 трки. Тоа е рекордна бројка во историјата на шампионатот. Екипите се пожалија на ова темпо на организација на настани и побараа да се зголеми лимитот на трошење.