• Мартин Танасковски
Светскиот шампион Макс Верстапен би можел да се раздели со Ред Бул пред крајот на сезоната во Формула 1 во 2025 година, само ако се исполнат одредени услови.
Според весникот „Тајмс“, најважниот услов за Макс да може предвреме да го напушти Ред Бул е тој да биде надвор од првите три возачи во пласманот во одреден момент од сезоната. Речиси во сите случаи, овие клаузули може да се активираат веднаш по завршувањето на летната пауза, на почетокот на вториот дел од сезоната.
Макс неодамна изјави дека нема намера да го напушти Ред Бул, но шпекулациите за негов можен трансфер во Мерцедес или Астон Мартин не стивнуваат, а информациите постојано тврдат за негови преговори со двата тима.