Како Маркез може да стане шампион во МотоГП уште викендов?

Марк Маркез, шпанскиот возач кој ги брани боите на Хонда, би можел уште викендов да стане шампион во МотоГП шампионатот, ако се поклопат коцките, на трката за ГН на Малезија.

Маркез е лидер во генералниот пласман и ја брка својата четврта титула во најквалитетната класа. Конкурент му е Андреа Довициозо од Дукати, кој заостанува 33 поени, поради катастрофалното издание на последната трка.

За да стане сигурен шампион, на Маркез му се потребни 25 поени, во последната трка, а доколку тој не победи или заврши втор, со осум сценарија тој може да се радува на новиот шампионски пехар.

- Ако заврши меѓу најдобрите двајца
- Ако заврши трети и четврти, а Довициозо не е победник
- Ако заврши меѓу петтото и осмото место, а Довициозо не е меѓу најдобрите двајца
- Ако заврши меѓу деветтата и единаесеттата позиција, а Довициозо не е на подиум
- Ако заврши 12. или 13., а Довициозо не е меѓу најдобрите четворица
- Ако заврши 14., а Довициозо е надвор од ТОП-5
- Ако заврши 15., а Довициозо е надвор од ТОП-6
- Ако Довициозо заврши под седмото место

Трката за ГН на Малезија на патеката „Сепанг“ се вози в недела од 08.00 часот.