ФОТО: Како изгледа брендираниот Сеат на Иџе со знамето на Македонија

Двократниот европски шампион на ридско-брзински стази, Игор Стефановски Иџе како што е познато годинава ќе дебитира на кружните стази, откако потпиша договор со словенечка ЛЕМА, тим кој ќе настапува во ЕТЦЦ.

Иџе попладнево во јавноста ги покажа првите фотограафии од неговото ново брендирано возило, Сеат Леон, а најспецифичен е покривот на возилото кое е прекриено со знамето на Македонија.

Своето официјално деби, Иџе ќе го има веќе предстојниот викенд кога на програмата е првата трка од сезоната која се вози во Пол Рикар, Франција.