• Мартин Танасковски

Формула 1 би можела да има дванаесет тима во 2026 година, а претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, отворено најавува дека нема да бидат затворени вратите за нови проекти.
Кадилак е речиси потврден како единаесетти тим во најбрзиот автомото спорт, но што ќе се случи ако се појави некој друг? Имено, претседателот на ФИА Мохамед Бен Сулејем истакна дека ФИА би можела да отвори простор доколку се појави вистинскиот проект.
ФИА моментално ги проценува сите аспекти и проекти на новиот тим Кадилак, а конечната одлука за иднината ќе биде донесена во наредните недели и се очекува епилогот да биде позитивен.