Јужна Кореја со нова урбана патека цели на враќање во Формула 1

Јужна Кореја повторно има амбиција да биде домаќини на трка од Формула 1, но не во Јеонгам, туку на нова урбана патека, што целосно се совпаѓа со ставовите на сегашните сопственици на комерцијалните права на најбрзиот автомото спорт.

Договорот на Јужна Кореја да биде домаќин на Формула 1 беше на седум години со опција за дополнителни пет, но по само четири изданија трката беше исфрлена од календарот Амбицијата на земјата е да се врати во календарот на Формула 1 уште во 2026 година, но пологично е тоа да се случи најрано во сезоната 2027 година.

Битката за места во календарот во наредните години ќе биде жестока. затоа што на трки како што се во Кина, Белгија, Холандија, Мексико, Монако и двете во Италија, им истекува договорот на крајот на следната година.