„Јувентус ќе освои титула во ЛШ пред Ферари да го направи тоа во Формула 1“

Ферари

Екс претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, испрати јавна критика кон својата поранешна екипа. 

Италијанецот смета дека конкурентноста на сегашниот болид не е на нивото потребно за шампионска титула.

„Во периодот од 1997 до 2009 година, губејќи или освојувајќи го шампионскиот трофеј, екипата се бореше до крај. Пилотот кој ќе ја загуби трката за титулата на две или три трки до крајот секако дека има поголеми фрустрации.

Можам да се обложам дека Ферари нема во блиска иднина да биде на врвот во Формула 1 шампионатот. Начинот на работа не го дозволува тоа. Попрво Јувентус ќе стане првак во Лигата на шампионите...“ , вели Ди Монтеѕемоло.

Италијанската екипа чека на титула од далечната 2007 година, кога Кими Раиконен се искачи на врвот на автомобилистичкиот свет.