Јубилејна „десетка“ на Маркез на Сахсенринг, Роси пак разочара

Марк Маркез ја продолжи својата доминација на патеката Сахсенринг, откако попладнево ја забележа својата јубилејна десетта победа во својата кариера. 

Шпанскиот возач вчера докажа дека нема конкуренцијата на оваа патека и ја запиша својата 11-та пол-позиција, а денес само потврди дека е неприкосновен на трката за Големата награда на Германија. 

Бранителот на шампионската титула зад себе ги остави големите ривали Маверик Вињалес од Јамаха и Кал Крачлоу од Хонда, додека легендарниот Валентино Роси повторно разочара и со 11 секунди задоцнување зад победникот заврши на осмата позиција. 

Со оваа победа Маркез се зацврсти на челната позиција во генералниот пласман со дури 58 бода повеќе во однос на второпласираниот Довициозо.