Јапонецот Огура со одлично возење до победа на трката за ГН на Холандија

Јапонецот Аи Огура е победник на трката за Големата награда на Холандија, која се возеше во рамки на Мото ГП шампионатот. 

Возачот на Трекхаус извозе одлично и прикажа присебност во клучните моменти, не дозволувајќи ѝ на конкуренцијата да му се приближи во самиот финиш на трката. Зад Огура, на целта мина Шпанецот Раул Фернандез, кој ја имаше пол-позицијата, а третото место му припадна уште еден Шпанец, Хорхе Мартин. 

Фабио ди Џанантонио на самиот крај се избори за четвртата позиција, а одлична трка извозе и Алекс Маркез, кој успеа да се пробие од дванаесеттото до петтото место. 

Во генералниот пласман, води Марко Бецеки со 186 поени, втор е Хорхе Мартин со 177, а трет на листата е Фабио ди Џанантонио, кој има 164 бода на своето конто.