• Зоран Мишевски
Трката за Големата награда на Аргентина во МотоГП имаше и дополнителен расплет. Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата.
Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место, откако стартуваше од петнаесеттата позиција. Дисквалификацијата на Огура од втората трка во сезоната му овозможи на неговиот тимски колега Раул Фернандез да освои еден бод, откако се искачи на петнаесеттото место.
На трката во Аргентина победи доминантниот Марк Маркез на Дукати, пред неговиот помлад брат Алекс и Франко Морбидели од тимот ВР46.
Следната трка од сезоната во МотоГП шампионатот е Големата награда на Соединетите Американски Држави во Остин од 28 до 30 март.