Јапонецот Цунода и следната година ќе вози за Алфа Таури

Италијанскиот Формула 1 тим, Скудерија Алфа Таури, е подготвен да му понуди нов договор на својот возач, Јуки Цунода. Новата соработка треба да биде официјализирана пред Големата награда на Јапонија, која се вози за викендот меѓу 22 и 24 септември. 

За многумина оваа информација дојде како мало изненадување, пред сѐ поради лошите резултати на возачот годинава, но сепак, неговиот тим сака да го задржи и тој следната сезона одново ќе има загарантирано место во најпрестижниот авто-мото циркуз во светот. Алфа Таури сезонава испроба дури три комбинации на возачи, но единствени кои освоија бодови беа токму Цунода и неговиот колега, Лијам Лосон, кој заврши како деветтопласиран на трката во Сингапур. 

23-годишниот Цунода досега има три освоени бодови и ги забележа на трката за Големата награда на Италија. Потпишувањето на новиот договор со јапонскиот возач би требало да се случи пред почетокот на неофицијалните тренинзи во Сузука, каде традиционално се вози трката за Големата награда на Јапонија.