Изненадување во Мото ГП: Марк Маркез размислува да вози за Дукати?

Шесткратниот светски првак во Мото ГП, Марк Маркез, изненадувачки би можел да се реши за промена на тимот. 

30-годишниот Шпанец е дел од Хонда од 2013 година, од самото влегување во најбрзата мотоциклистичка категорија. Со овој тим блесна и освои шест титули во првите седум сезони. Сепак, потоа почнаа повредите и Маркез е во голем пад. 

Во моментов тој има договор со Хонда до 2024 година, а се шпекулира дека тоа ќе му биде последна сезона во Хонда. Маркез е незадоволен од моменталната ситуација во тимот, во слабата конкурентност и сака да се бори за титули. Решението би можело да биде преод во таборот на Дукати, што ќе биде изненадување, ама може да го врати Маркез на големата сцена.