• Саше Љолес

За време на 12. рели-трка која се одржува во Кумровец, Хрватска, беше избегната голема трагедија откако пијан возач влета со својот автомобил на патеката и за малку ќе предизвикаше директен судир.
Видеото погледнете го на ОВОЈ линк.
Трагедијата беше избегната кога рели-возачот во последен момент успеа да сврти и да излета во тревната површина. Трката веднаш беше прекината, цивилното возило беше отстрането, а полицијата го приведе возачот откако бил позитивен на алко-тестот.
Претставници на хрватското МВР изјавија дека против прекршителот ќе биде поднесена кривична пријава за „загрозување на општата безбедност и возење во пијана состојба“.
Организаторите на трката изјавија дека се шокирани од постапката на пијаниот возач и побараа полицијата соодветно да го казни сторителот. Трката во Кумровец се одржа по дванаесетти пат, а делницата е во должина од 4,19 километри.