Историја во Нирбургринг – Хамилтон се израмни со легендарниот Шумахер!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжува доминацијата оваа сезона во Формула 1 шампионатот. Големиот шампион и на легендарната патека Нирбургринг беше немилосрден кон конкуренцијата и повторно се искачи на највисокото место од подиумот.

Британецот вчерашните одлични квалификации ги потврди и денес и во ниту еден момент не остави простор за противниците да му се заканат, па заслужено ја запиша нова овосезонска победа во најбрзиот циркуз во светот, вкупна 91 во кариерата.

Место меѓу најдобрите имаше уште за Мак Ферстапен, кој со својот Ред Бул беше фантастичен и заврши на второто место, додека Даниел Рикардо во Рено беше трет и со тоа за првпат со овој тим се избори за место на подиумот. 

Денешниот триумф на Хамилтон е историски, затоа што е 91-ва во неговата кариера, а со тоа го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер, кога во прашање се победите во Формула 1 шампионатите.