Исто како и во Тајланд: Маркез пред Маркез на спринт-трката во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфира на спринт-трката што се одржа во рамките на вториот тркачки викенд од овогодинешниот Мото ГП шампионат, ГН на Аргентина. Шпанецот ги продолжи триумфите на патеката Термас де Рио Ондо од почетокот на сезоната, откако претходно имаше максимален резултат во Тајланд.

Осумкратниот светски шампион, исто како и пред две недели во Бурирам, славеше пред својот помлад брат Алекс, кој заостана девет десетинки. Франческо Бањаја беше на третото скалило на подиумот. Италијанецот заостануваше три секунди зад својот тимски колега.

Вториот спринт сезонава, како и првиот, беше целосно во рацете на постариот Маркез. Возачот на Дукати водеше од пол-позицијата, а разликата помеѓу двајцата браќа цело време беше две или три стотинки, додека Марк не се одлепи пред целта.

МотоГП акцијата во Аргентина продолжува во недела во 19:00 часот.