Ироничниот Верстапен стана хит: Му мафна на ривал кога го помина на патеката (ВИДЕО)

Макс Верстапен не си поминува добро во новата сезона на Формула 1, а од самиот почеток тој има критики за новата ера на болидите. Холанѓанецот отворено и гласно зборува за новиот концепт кој користи доста повеќе електроника и електрична енергија наместо вистинско тркање. Неговите „бисери“ често се хит во овој спорт, а сега среде трка на култната „Сузука“ направи нов комичен потег. 

Во борба за позиција со Пјер Гасли, возачот на Алпин веројатно користејќи ја новата електрична помош за претекнување (замената за ДРС) го мина. Тогаш Верстапен реши да му мафне, а камерите го уловија моментот.

  • Моментот кога Верстапен му мафна на Гасли:

По трката во микс-зоната со новинарите Верстапен беше прашан дали навистина сакал да му мафне на Гасли, на што одговори потврдно.

Сезонава Верстапен на првата трка во Мелбурн заврши шести, сега во Јапонија беше осми, а во Кина мораше да се откаже.