ВИДЕО: Интерлагос зеде нова жртва, млад мотоциклист го загуби животот

Бразилската патека Интерлагос беше кобна за поранешниот шампион во Суперспорт категоријата на мотоцикли, Матеус Барбоса. 

23-годишниот мотоциклист загуби контрола врз својот мотоцикл и излета од патеката, па ударот во заштитната ограда беше кобен за него и за жал, Барбоса го загуби животот.

  • Видео од несреќата на Барбоса: 

Инаку, патеката Интерлагос важи за една од најопасните. Ова е трета смрт на истото место покрај Рио Де Жанеиро од 2019 година досега, а иако стазата нема вистинска заштита за натпревари од мото-конкуренцијата, сепак се дозволуваат вакви трки.