Илиовски и МК Ендуро Тим Водни отвораат кампови за мотокрос обука

За првпат во нашата земја МК Ендуро Тим Водно и #OffRoadExperience во соработка со еден од најдобрите европски мотокрос возачи Христијан Илиовски ќе организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи. Обуките ќе се оддржуваат во лимитирана група на различни мотокрос патеки низ нашата држава, а потенцијалните возачи ке можат да ја усовршат својата техника со сопствен мотор и опрема (ќе постои и опција за изнајмување на мотор и опрема).

Сведоци сме дека Off Road дисциплината во мотоциклизмот има се поголема заинтересираност кај љубителите на октаните, а исто така и МХ натпреварувањето. Самата бројка од околу 50 возачи на последната МХ трка која се возеше во Скопје говори за тоа.

МХ Академија е направена се со цел Христијан да го пренесе своето искуство и знаење на сите возачи (аматери или професионалци) кои ке бидат вклучени во проектот. Право на посета на оваа академија има секој возач кој веќе има МХ или Ендуро искуство, без разлика на кое ниво е неговата техника на возење (освен почетници) без ограничување на старосната граница (задолжително присуство на родител за малолетни учесници).