• Мартин Танасковски
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе објави дека неговиот автомобил на еден од деловите ќе има црна боја во новата сезона заради трагедијата која се случи во Кочани.
Македонија не памети ваква загуба во поновата историја, затоа што 59 млади луѓе загинаа, а уште над 200 се повредени.
„Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти.“, истакна Иџе.
Сезоната на Иџе започнува во втората седмица од месец април.