ФОТО: Иџе се пофали со „играчките“ со кои ќе атакува на успеси во новата сезона

Иџе

Игор Стефановски одлично ја претставува Македонија во последните неколку години. Одличната форма ја круниса со неколку големи успеси, а за време на прославите не заборави гордо да го покаже македонското знаме.

Во новата сезона на „Европскиот Туринг Куп“, популарниот Иџе ќе настапува за својот „Стефановски Рејсинг“ тим. На располагање ќе има две „играчки“, со кои се пофали на социјалните мрежи. Се работи за моделот СЕАТ Леон Куп Рејсер, со кој ќе брка победи во новата сезона.

На автомобилите најзабележливо е знамето на Македонија на горниот и името на нашата држава на задниот дел.

Иџе е најпопуларниот и најдобриот македонски автомобилист, кој ја доби наградата спортист на годината во 2014 година. Најголеми успеси во кариерата постигна во 2014 и 2015 година, кога стана шампион две сезони во низа на „Европскиот Хил Клајмб“ шампионат.