Иџе презадоволен: Моето Ферари беше перфектно за оваа трка

Новата сезона во авто-мото спортот започна одлично за нашиот најдобар натпреварувач. Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со место на подиумот.

Иџе беше задоволен од своето издание во болидот на Ферари 488 B8. 

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка“, рече Стефановски.

Сезонава има единаесет трки, а преостануваат уште девет.