Иџе пак доби удар: Ова станува опасно, среќа што на таа брзина... (ВИДЕО)

Игор Стефановски Иџе одново имаше лош ден во ТЦР шампионатот и повторно не ја заврши трката. На денешното прво возење на патеката Мисано, нашиот најдобар автомобилист повторно беше жртва на невнимание на ривалите и пак беше приморан да се откаже.

Во моментите кога Иџе фати ритам и почна да ги минува конкурентите и да ја подобрува својата позиција, следуваше нов судир, кој за него значеше крај на денешната трка.

  • Ударот кој го прими Иџе во Мисано:

Веднаш по завршувањето на трката, Иџе не го криеше своето незадоволство од новиот неспрортски потег кој го претрпе и истакна дека имал среќа што при таа брзина не дојде до посериозни последици.

За потсетување, нашиот автомобилист не ја заврши ниту претходната трка во Имола, откако доби многу пострашен удар од денешниот, кој му нанесе големи штети на неговиот автомобил.