Иџе одличен на првата трка, се качи на подиум на „Имола“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе имаше одличен настап на првата трка од ТЦР-шампионатот која се возеше на патеката „Имола“ во Италија.

Иџе во квалификациите заврши како четвртопласиран, а на трката возеше перфектно и доби место на подиумот, рамо до рамо со двајца Италијанци.

Македонецот заврши како трет, зад Тавано кој беше второпласиран и победникот Бетера кој водеше во поголемиот дел од трката.

Нашиот претставник во ТЦР-шампонатот ќе има шанса за нов успех на „Имола“, затоа што втората трка е закажана в недела.