Иџе конечно беше „оставен“ да заврши трка и забележа одличен пласман во Мисано

По двата кобни настапи, Игор Стефановски Иџе конечно без проблеми заврши трката од ТЦР италијанскиот шампионат и забележа одличен успех на денешната втора трка на патеката во Мисано.

Нашиот најдобар автомоболист иако не можеше да смета на најдоброто од својот автомобил, поради вчерашниот судир по кој излета од патеката, сепак зад себе остави солидна трка и пласман на осмата позиција со девет секунди заостанување зад првиот Бури од Финска.

На пиедесталот, покрај финскиот возач се искачија уште Балдан од Италија и Јанг од Велика Британија. 

За потсетување, Иџе вчера имаше судир и не ја заврши првата трка во Мисано, идентично како и втората трка на патеката Имола од пред скоро еден месец.