Иџе ќе тргне од седмата позиција на Имола

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски го чека нова трка во ТЦР-шампионатот во Италија и ќе стартува од седмата позиција на патеката „Имола“.

Иџе заврши на седмото место и е во исчекување на првата трка која ќе се вози попладнево со почеток од 16:00 часот. Втората трка е утре напладне од 12:40 часот.

Македонскиот возач ќе се бори за нови бодови во ТЦР-шампионатот каде веќе вози со години.