ВИДЕО: Иџе им честита на фудбалерите и најави голема борба во Мисано!

И покрај проблемите со својот автомобил, кој претрпе сериозни оштетувања по удесот на претходната трка во Имола, Игор Стефановски Иџе со неговиот тим направија огромни напори за учество на третата трка од овосезонскиот ТЦР шампионат на Италија. 

Нашиот најдобар возач имаше одлични квалификации и на утрешната трка во Мисано ќе стартува од одличното петто место. Веднаш по напорните квалификации Иџе ги искажа своите очекувања од утрешната трка, а воедно ја искористи приликата и им ја честита победа на македонските фудбалери над Казахстан.

На овосезонската премиера Иџе заврши како четврти, додека на втората трка поради тешкиот удар кој го доби излета од патеката и остана без пласман.