Иџе го истуркаа од патека, ама се врати посилен и освои бодови на „Имола“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски се соочи со непријатност на втората трка на „Имола“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија, ама успеа да дојде до бодови.

Иџе беше второпласиран и се бореше за подиум, ама по еден дуел Аскона беше невнимателен и го истурка од патеката. Македонецот едвај се врати во трката, по влегување во боксот за да го поправи автомобилот, ама, сепак, успеа да освои бодови.

Стефановски ја заврши трката на десеттото место и грабна пет бода. Претходно, тој беше шеснаесетти поради истуркувањето.

Ова беше последна трка во сезоната на ТЦР-шампионатот во Италија.