Иџе го доби календарот за новата сезона во ТЦР Европа

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе го доби календарот за новата сезона во ТЦР Европа шампионатот, каде се натпреварува две години по ред.

Новата сезона ќе брои седум трки, а ќе започне пред крајот на април, во Унгарија, каде трки ќе се возат на славната патека „Хунгароринг“. Исто така, трки ќе има и во Холандија, Белгија, Австрија, Германија, Шпанија и Италија.

Засега, не е познато само на која патека ќе се вози во Холандија, додека останатите патеки се познати. 

Стефановски лани ја претставуваше Македонија во ТЦР Европа шампионатот, заедно со Виктор Давидовски.