Иднината на Мото ГП: Од 2022 година ќе има 22 трки и 24 возачи

Мото ГП

Мото ГП шампионатот разгледува проекти со кои ќе воведе неколку промени од 2022 година.

Планот е бројот на трки и возачи  да оди во нагорна линија со што би се зголемил и интересот кај фановите. Од 20 ќе се премине на 22 патеки, а ќе се формираат уште најмалку два тима, кои ќе донесат вкупно 24 возачи.

Кандидати за нови организатори на трки се Бразил, Индонезија и Мексико. Истите ќе бидат обид да се стигне до интернационална експанзија и популаризација на спортот на сите страни во светот.

На крај, за да се одржи конкуренцијата и изедначеноста во шампионатот ќе се направат и реформи на технички план, посебно во аеродинамичниот дел.

Намерата е да се ограничи развојот на моторциклите со цел да се намалат трошоците и да им се овозможи и на „помалите“ екипи да блеснат во одреден период од сезоната.