• Саше Љолес
Британскиот возач Луис Хамилтон конечно се искачи на подиумот во „дресот“ на Ферари, откако заврши на третото место на трката за Големата награда на Кина.
Победата на трката ја однесе младиот Италијанец Кими Антонели со болидот на Мерцедес, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Џорџ Расел. Хамилтон ја комплетираше тројката и со тоа го запиша својот прв подиум откако му се приклучи на легендарниот италијански тим.
Ова е значаен резултат за седумкратниот светски шампион, кој по преминот во Ферари продолжува да ја гради својата нова приказна во црвениот болид. Навивачите изразија задоволство и се надеваат дека Британецот ќе успее да бележи далеку подобри резултати од минатата сезона.
Седумкратниот светски шампион премина во Ферари минатата година, но ниту еднаш не успеа да се искачи на подиумот.