Хулкенберг ќе го замени Перез на Силверстоун

Германскиот возач Нико Хулкенберг ќе го замени Серхио Перез во болидот на Рејсинг Поинт на трката за ГН на Велика Британија која се вози на патеката Силверстоун.

Перез е позитивен на ковид-19 и ќе мора да биде во изолација во наредниот период. Нема само оваа да биде трката што ќе ја пропушти тој, туку и следната, која исто така се вози на Силверстоун.

Трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 се вози в недела од 15:10 часот, а ден претходно се квалификациите.